Меѓутоа, сопругата на Асанж Стела ги критикуваше американските гаранции. Таа на социјалната мрежа Икс објави дека САД дале „неуверливи зборови“, укажувајќи дека Асанж може да се обиде да го искористи Првиот амандман во случај на екстрадиција, но дека обвинителството не се откажало од тврдењето дека Џулијан нема право на Првиот амандман бидејќи не е американски државјанин.
„Наместо тоа, САД се ограничија на тврдењата дека Џулијан може да се обиде да го искористи Првиот амандман ако биде екстрадиран. Оваа дипломатска нота не помага да се олесни огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, односно за неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во изолација во американски затвор поради својата наградувана новинарска работа“, порача Стела Асанж.
BREAKING:
“The United States has issued a non-assurance in relation to the First Amendment, and a standard assurance in relation to the death penalty. It makes no undertaking to withdraw the prosecution's previous assertion that Julian has no First Amendment rights because he… pic.twitter.com/lu7bkw0M5u
— Stella Assange #FreeAssangeNOW (@Stella_Assange) April 16, 2024
Судот во одлуката на 26 март побара гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.
52-годишниот Асанж се соочува со кривично гонење во САД поради обвинувања за шпионажа откако објави стотици илјади доверливи американски документи пред речиси 15 години на својот истражувачки сајт Викиликс.
Поддржувачите на Асанж инсистираат на тоа дека тој е новинар кој разоткрил воени злосторства на САД во Ирак и Авганистан, што е во јавен интерес и дека е заштитен од Првиот амандман на уставот на САД, со кој се гарантира слободата на говорот.