сабота, 27 јули 2024

САД: Момче умрело од предозирање со лекови по Тикток предизвик

Објавено на

часот

Сподели

Стивенс веднаш по инцидентот бил префрлен во болница и ставен на респиратор, но и покрај сите интервенција по шест дена ја изгубил битката за живот.

Наведено е дека Стивенс починал поради предозирање со антиалергиски лекови кои содржеле антихистамини, а кои ги земал за да учествува во предизвикот на Тикток познат како „Бенадрил челинџ“, чија цел била предизвикување халуцинации.

Џастин Стивенс, таткото на починатото момче, кажал дека неговиот син бил дома со пријатели на денот на предизвикот и додал: „Таа доза (12-14 парчиња) од лекот беше премногу за неговото тело“.

Бабата на Стивенс кажала: „Од сега ќе направам сè што е во моја моќ за да обезбедам друго дете да не го доживее истото“.

Родителите на починатото момче се вклучиле во кампања за вршење притисок врз властите да се воведе ограничување со старосна граница за купување на спомнатите лекови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ