понеделник, 21 октомври 2024

САД ја санкционираа уредничката на руската телевизија РТ за „обид за мешање во американските избори“

Соединетите Американски Држави ја санкционираа главната уредничка на руската државна телевизиска мрежа и уште девет други лица поради, како што се наведува, обид за мешање во претседателските избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американското министерство за финансии тврди дека главната уредничка на РТ Маргарита Симонјан и други девет лица кои сочинувале мрежа тајно регрутирале влијателни лица на социјалните мрежи за да влијаат на американското јавно мислење и да шират проруски пораки.

ФБИ посебно побарале дозвола од суд за затворање 32 интернет домејни за кои американската влада смета дека се вклучени во напори за „злонамерно странско влијание“, вклучувајќи обиди за поткопување на јавната поддршка на американската помош на Украина во нејзината војна со Русија.

„Ќе бидеме безмилосно агресивни во спротивставувањето и попречувањето на обидите на Русија и Иран, како и Кина и кој било друг странски злонамерен актер да се плеткаат во нашите избори и да ја поткопуваат нашата демократија“, кажа американскиот државен обвинител Мерик Гарланд.

Портпаролот на Белата куќа кажа дека рускиот претседател Владимир Путин знаел за „руското мешање“ во американските избори.

„Тој знаел за активностите на РТ“, кажа Џон Кирби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ