Вкупниот увоз и извоз од и кон САД изнесуваат 255 милијарди евра, околу осум милијарди повеќе од споредливата цифра за Кина, според необјавената студија на Германи трејд & инвест (ГТАИ).
Според привремените податоци, Холандија е на трето место, а потоа следуваат Франција и Полска. Холандските бројки се засилени со германското користење на пристаништето во Ротердам, пишува Сибиз.
ГТАИ вели дека Германија може да биде фатена меѓу два стола во случај на трговски конфликт и зголемување на царините што ги вети новата американска администрација под Доналд Трамп.
„Останува нејасно до кој степен САД под Трамп ќе ја таргетираат Европската Унија, вклучително и Германија, во својата трговска политика“, се вели во извештајот. Се додава дека влошениот трговски конфликт меѓу САД и Кина може да резултира со притисок на САД врз Германија да ја поддржи американската политика.
Вкупната трговска размена меѓу Германија и Кина во 2022 година изнесуваше речиси 300 милијарди евра. Извозот во Кина нагло паднал, за околу 6,4 отсто, додека увозот е намален за само 0,6 отсто. Кина сега е на петтото место во германскиот извоз, но останува неприкосновен лидер во увозот во Германија. ГТАИ ја припиша промената на слабата кинеска економија, додека американската економија имаше корист од инвестициските програми.