сабота, 27 јули 2024

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиски агенс во Украина

Соединетите Американски Држави (САД) ја обвинија Русија дека користи хемиски агенс против украинските сили, што е кршење на Конвенцијата за хемиско оружје, соопшти Стејт департментот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Стејт департментот наведува дека станува збор за пестицидот хлоропикрин.

„Употребата на овие хемикалии не е изолиран инцидент и веројатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги потиснат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон во средата најави нов бран санкции против руски или странски компании или поединци обвинети за учество во руските воени напори во инвазијата на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ