среда, 23 октомври 2024

САД испратија борбени авиони Ф-22 на Блискиот Исток

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави Лојд Остин кажал во телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека американски борбени авиони Ф-22 „раптор“ се испратени во регионот на Блискиот Исток во рамки на напорите да се одврати агресија, да се одбрани Израел и да се заштитат американските трупи во регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Остин на социјалната мрежа Икс напиша дека му кажал на Галант дека е важно да се постине договор за прекин на огнот во Појасот Газа со кое се обезбедува ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

Американската Централна команда (Ценком) соопшти дека борбените авиони Ф-22 на американските воздухопловни сили стигнале на Блискиот Исток во очекување на ирански напад на Израел.

„Ф-22 на американското воздухопловство стигнаа во зоната на одговорност на Централната команда на САД на 8 август како дел од промената на позицијата на американските сили во регионот за да се ублажи можноста од регионална ескалација“, се наведува во соопштението.

Американскиот носач на авиони УСС Абрахам Линколн со неколку борбени авиони е распореден во тој регион од почетокот на месецот.

Иран вети одмазда по убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран, за кое Иран и Хамас го обвинуваат Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ