среда, 23 октомври 2024

САД и сојузниците се подготвуваат да го бранат Израел

„Израел е веќе во војна на повеќе фронтови со Иран и неговите сојузници“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанок со својот кабинет, додека Соединетите Американски Држави и сојузниците се спремаат да го бранат Израел од очекуваниот противудар и да спречат поголем регионален конфликт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тензиите пораснаа по речиси десетмесечната војна на Израел во Газа и минатонеделното убиство на командантот на Хезболах во Либан и највисокиот политички лидер на Хамас во Техеран. Иран и неговите сојузници го обвинија Израел и се заканија со одмазда, додека Хамас соопшти дека почнале разговори за нов лидер.

Нетанјаху кажа дека Израел е спремен за секое сценарио, а јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади е во ретка посета на Иран како дел од дипломатските напори за избегнување проширување на конфликтот.

„Сакаме заострувањето да се прекине“, кажа Сафади, додека Пентагон преместува значителни сили во тој регион.

„Правиме сè за да спречиме оваа ситуација да зоврие“, кажа заменик советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Фајнер за Еј-би-си.

Војната во Газа почна по упадот на Хамас во Израел во октомври, по што следуваше масовна воена офанзива во која се убиени најмалку 39.580 Палестинци, главно цивили. Тешките воздушни напади и копнените операции предизвикаа страшни разурнувања и раселија огромно мнозинство од 2,3 милиони жители на Газа.

Либанското движење Хезболах и Израел продолжуваат да разменуваат оган долж границата со Либан од почетокот на војната во Газа.

Хезболах истакнува дека целта е намалување на притисокот врз Хамас, кој е поддржан од Иран. Сè повеќе земји, вклучувајќи ги САД, ги повикуваат своите државјани да го напуштат Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ