сабота, 27 јули 2024

САД и Саудиска Арабија сакаат да создадат воен сојуз

Саудиска Арабија ги продолжи преговорите со САД за приближување на одбранбената политика и создавање на воен сојуз, по прекинот предизвикан од нападот на палестинската милитантна група Хамас во јужен Израел во октомври.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на неименувани извори, Блумберг објави дека саудискиот престолонаследник и де факто владетел Мохамед Бин Салман се сретнал со неколку американски сенатори во северозападниот град Алула и разговарал со нив за обновување на претходните преговори за одбранбен сојуз што вклучува и поврзување на Саудиска Арабија со Израел.

Се вели дека Бин Салман сè уште гледа можност за поголема соработка со САД и покрај крајно негативното расположение што владее кон САД во арапските и муслиманските земји поради израелските напади врз Палестинците во Газа.

Главната пречка во разговорите е тоа што Саудиска Арабија долго време зборуваше дека каков било договор со Израел би бил условен со создавање на независна палестинска држава, прашање на кое остро се противи владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува Блумберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ