Фазил Алиев, директорот на руската компанија во чија сопственост е танкерот Ренда, за „Раша тудеј“ изјави дека компанијата го следи движењето на бродот преку сателит и според информациите од танкерот и ледоломецот што го придружува, тие се на 70 наутички милји од Ном.
Американската крајбрежна стража изјави дека на некои места мразот е дебел и до 1.3 метри и ледоломецот Хејли во нормални услови дневно проаѓа по 10 наутички милји низ толку дебел мраз.
Сепак, силните ветришта и струите им попречуваат во здружените напори, додека температурата на воздухот паѓа и до минус 50 Целзиусови степени.
Доколку временските услови останат непроменети, бродовите би требало да стигнат до одредиштето за 10 до 14 дена. Доколку успеат, ова ќе биде првпат нафтени деривати да се достават по море до Алјаска во зима. Мисијата претставува и логистички предизвик, поради тоа што координацијата меѓу американската и руската страна на мисијата се одвива преку преведувачи што не се на бродовите.
САД и Русија здружено во спасувачка мисија
Објавено на
часот