сабота, 27 јули 2024

САД и Ирак почнуваат преговори за завршување на мисијата на меѓународната воена коалиција во Ирак

Соединетите Американски Држави и Ирак ќе почнат преговори за завршување на мисијата на меѓународната воена коалиција во Ирак и за тоа како да ја заменат со билатерални односи, јавуваат американските агенции, што е чекор напред во процесот кој сопре поради војната на Израел во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската амбасадорка во Ирак Алина Романовски тоа му го порачала со писмо на ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин, соопштиле три извори од Вашингтон.

САД со тоа се откажува од условот дека прво мора да прекинат нападите на проиранските милитантни групи на американските сили во Ирак, кажале изворите.

Ирачкото министерство за надворешни работи потврдило дека добило „важно писмо“ и дека премиерот внимателно ќе го разгледа.

Разговорите би можеле да траат неколку месеци, ако не и подолго, а исходот не е јасен и не се очекува скоро повлекување на американските војници.

САД во Ирак имаат 2.500 војници кои ги советуваат и им помагаат на локалните сили да спречат повторен подем на Исламска држава, која во 2014 зазема големи делови од Ирак и Сирија пред да биде поразена.

Во Ирак се и стотици војници од европски земји во рамки на меѓународната коалиција предводена од САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ