сабота, 27 јули 2024

САД и Британија одбиле еден од најголемите напади на Хутите во Црвено Море

Јеменските бунтовници Хути извршиле минатата ноќ еден од најголемите напади на бродови во Црвено Море, но американската и британската морнарица ги собориле сите беспилотни летала и проектили.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Воените власти соопштија дека нема штета и нема повредени, пренесува Гардијан.

Хутите, кои ги поддржува Иран, го извршиле нападот иако за денес е закажана седница на Советот за безбедност на Обединетите нации кој ќе ги осуди нападите и ќе бара нивно сопирање.

Бунтовниците тврдат дека целта на нивните напади е да ја сопрат израелската војна во Појасот Газа.

Меѓутоа, бродовите кои ги гаѓаат имаат сè помала или никаква врска со Израел, а нападите загрозуваат еден од клучните светски трговски патишта кои ги поврзуваат Азија и Блискиот Исток со Европа.

Нападот се случил кај јеменските пристанишни градови Ходеида и Мока, наведува приватната разузнавачка фирма Амбреи.

Командата на американската војска соопштила дека „сложениот напад“ кој го извеле Хутите вклучувал беспилотни летала кои носат бомби, противбродски крстосувачки ракети и една противбродска балистичка ракета.

„Ова е 26 напад на Хутите на комерцијалните бродски патишта во Црвено Море од 19 ноември. На бродовите им се советува да бидат внимателни во транзитот и да пријават секаква сомнителна активност“, соопшти американската воена команда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ