сабота, 27 јули 2024

САД и Британија го предупредија Израел: „Не возвраќајте“

Зборувајќи за новинарите синоќа, висок претставник на американската влада рече дека Џо Бајден го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да размисли многу внимателно и стратегиски“ за тоа како неговите сили реагирале на акцијата без преседан, првиот директен напад на Иран врз земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во серијата телевизиски настапи на американските мрежи претходно вчера, советникот на Бајден за национална безбедност, Џон Кирби, повтори дека САД јасно му ставиле до знаење на Израел дека сакаат да избегнат поширок конфликт.

И Кирби и официјалниот претставник рекоа дека САД ќе продолжат да го бранат Израел, но отфрлија вмешаност во каков било одговор од страна на Израел.

На прашањето дали Обединетото Кралство ќе го следи истиот пат како САД, односно ќе каже дека нема да се вклучи во одмаздничката акција на Израел против Иран, шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон рече дека „Израел мора да размислува со главата, а не со срцето“.

Тој додаде дека земјата мора сама да одлучи како ќе ги заштити своите граѓани. Притиснат од новинарите да каже дали Обединетото Кралство ќе се вклучи во израелската акција, Камерон рече дека Британија верува дека не треба да има ескалација. „Нашиот совет до Израел е да не се одмаздува“, додаде тој.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин објави на социјалните мрежи дека побарал од локалните власти да ја зголемат безбедноста „на местата што ги посетуваат нашите еврејски сонародници, особено околу синагогите и еврејските училишта“.

Тој рече дека го прави овој потег „додека се приближува Пасхата и со оглед на актуелната меѓународна ситуација“.

Вчера министерот за надворешни работи Стефан Сежурне потврди дека Франција учествувала во одбраната на Израел од нападот на Иран, но не објави дополнителни детали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ