сабота, 27 јули 2024

САД: Хрватски политичари во БиХ работат против американските интереси

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина изјави дека лидерот на ХДЗ БиХ Драган Човиќ работи против стратегиските интереси на Соединетите Американски Држави, но и на Хрватите во БиХ кога се противи на плановите за поврзување на гасните мрежи на БиХ и Хрватска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Н1 Марфи кажа дека проектот „Јужна интерконекција“, поврзувањето на мрежата на Федерацијата БиХ и Хрватска, претставува стратегиски интерес на САД.

„Јужната интерконекција е многу важен проект и е витален интерес на САД бидејќи не сакаме нашите партнери да зависат од Русија“, кажа Марфи, додавајќи дека тоа особено се однесува на државите кои се веќе членки на Европската Унија или сакаат тоа да станат.

САД сакаат проектот „Јужна интерконекција“ да го реализира компанијата БХ гас со седиште во Сараево која за таа потреба би отворила подружница со седиште во Мостар, додека Човиќ инсистира за тие потреби да се основа нова компанија под контрола на хрватските политички структури во БиХ.

Човиќ неодамна за Вечерњи лист изјави дека сака седиштето на компанијата да биде во Мостар, таа да биде во сопственост на Федерацијата БиХ и нивниот предлог целосно да биде усогласен со европските директиви и Европската енергетска заедница.

Марфи сега вели дека со таквиот пристап на Човиќ Херцеговина останува без гас, а на крајот профитира само Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ