понеделник, 16 декември 2024

САД го шпионирале и Зеленски, Украина морала да ги промени своите воени планови

Објавено на

часот

Сподели

Според изворите, Украина морала да промени одредени воени планови по објавувањето на документите.

„Тоа не е изненадувачки“, рече извор близок до Зеленски, но истакна дека тие се загрижени за протекувањето на податоците.

Сепак, Си-ен-ен објави дека украинските власти се длабоко фрустрирани од протекувањето на податоците.

Во американскиот разузнавачки извештај се наведува дека на крајот на февруари Зеленски „предложил напад на руски локации во руската област Ростов“ со помош на беспилотни летала, бидејќи Украина нема оружје со долг дострел способно да дофрли толку.

Разузнавачките информации би можеле да ја оправдаат позицијата на Вашингтон, кој не сака да ја снабдува Украина со ракетни системи со долг дострел, поради страв дека Киев би можел да ги искористи за напад на руска територија. Украинците, сепак, ветија дека нема да го сторат тоа.

Минатата недела во јавноста протекоа разузнавачки податоци на Пентагон, каде, според странските медиуми, може да се види дека САД ги шпионирале, не само спротивставените земји, туку и сојузниците.

Откако документите беа обелоденети, командата на вооружените сили на Украина морала да промени одредени планови. Иако медиумите не објавија што точно е сменето, се верува дека измените се однесуваат на воздушните активности.

Одредени протечени документи наводно откриле слабости во воздушната одбрана на Украина и недостаток на муниција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ