недела, 19 мај 2024

САД ги одложуваат испораките на оружје на Израел поради нападот на Рафа

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во последните две недели одложила неколку пратки на оружје за Израел, изјавил неименуван извор за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено Политико пренесува изјава на еден извор близок до американската влада, кој тврди дека Вашингтон на овој начин сака да му испрати политичка порака на Тел Авив.

Како што се наведува, Белата куќа не може да ја поддржи израелската офанзива на Рафа во јужниот дел од Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.

Во рамки на одложените пратки меѓу другото се наоѓаат уреди за наведување и зголемување на прецизноста на авионските бомби кои ги произведува Боинг, пишува Ројтерс, а американската компанија засега не се огласува по ова прашање.

Британската новинска агенција додава и дека администрацијата на Бајден одлучила да задржи и неколку директни комерцијални испораки за Израел кои биле во тек. Паузата во испораките би можела да ја намали можноста на Израел да ги обнови залихите оружје кое го користи во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ