недела, 20 октомври 2024

САД: Ги обновивме врските со Кина на највисоко ниво

Објавено на

часот

Сподели

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Џо Бајден, деновиве во Виена се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, наведе американската администрација, додека врските меѓу двете велесили остануваат крајно затегнати поради дипломатското, военото, економското и технолошкото ривалство од широки размери.

Двајцата високи функционери имале отворен, суштински и конструктивен разговор, истакнуваат од Белата куќа, а официјалната агенција Ксинхуа зборува за средбата која треба да ги отстрани пречките во кинеско-американските односи.

Теми на разговорот беа војната против Украина и прашањата поврзани со Тајванскиот теснец, кои се две од најчувствителните прашања во билатералните односи. Вашингтон повеќе пати ја предупреди Кина да не ѝ помага на Русија воено. Соединетите Американски Држави се загрижени и за прашањето на Тајван, територија на која претендира Кина.

„Ванг Ји јасно ја кажа официјалната позиција на Кина за прашањето на Тајван“, објави Ксинхуа. Овој состанок на највисоко ниво доаѓа по неколку недели речиси целосен прекин на комуникацијата меѓу двата главни града. Во февруари, тензиите меѓу Кина и САД дополнително се зголемија кога кинески балон беше забележан над американската територија, што Вашингтон го оцени како шпионска операција.

Тогаш американскиот државен секретар Антони Блинкен во последен момент го откажа патувањето во Кина. Средбата во Виена ги подгрева шпекулациите за претстојна средба меѓу Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг. Одговарајќи на прашање во врска со ова, американскиот претседател рече: „Постигнат е напредок. Ќе биде добро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ