сабота, 27 јули 2024

САД, Франција, Германија и Австрија: Прерано е за признавање на Палестина

Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Австрија порачаа дека сè уште нема услови за признавање на Палестина и дека треба да се водат преговори за дводржавно решение на блискоисточниот спор. Ирска, Норвешка и Шпанија објавија претходно дека на 28 мај ќе ја признаат Палестина. Вашингтон, Париз, Берлин и Виена сметаат дека е прерано за тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Џо Бајден смета дека палестинска држава треба да се постигне со преговори, а не со еднострано признавање, соопшти денес белата куќа. „Претседателот е силен заговорник за решение со две држави и тоа бил во текот на целата своја кариера“, кажа портпаролот на Советот за безбедност на Белата куќа.

„Тој верува дека палестинската држава треба да се оствари со директни преговори меѓу страните, а не со еднострано признавање“.

Условите за официјално признавање на Палестина како држава сè уште не се исполнети, кажа францускиот министер за надворешни работи денес, откако група европски држави најавија таков потег со надеж дека тоа ќе помогне за воспоставување на мир во регионот.

„Ова не е само симболично прашање или прашање на политичко позиционирање, туку дипломатско средство во служба на решението со две држави кои живеат една покрај друга во мир и безбедност“, кажа Стефан Сејжорне. „Франција не смета дека се исполнети условите оваа одлука да има реално влијание на тој процес“.

Портпаролот на германското министерство за надворешни работи ја истакна поддршката од Берлин на решение со две држави.

„Независна палестинска држава останува цврста цел на германската надворешна политика“, кажа портпаролот на конференција за новинари во Берлин, додавајќи дека за таа цел е потребен дијалог.

„Симболично признавање нема да им помогне на Палестинците во овој момент“, соопшти австриското министерство за надворешни работи за австриската агенција АПА. Сепак, уверуваат дека Австрија е долгогодишен заговорник на дводржавно решение.

Шпанија, Ирска и Норвешка денес објавија дека на 28 мај ќе ја признаат независната палестинска држава, на што Израел веднаш реагираше со повлекување на амбасадорите од тие земји. Признавање на Палестина најавија и Малта и Словенија. Во моментов Палестина како независна држава ја признаваат 143 од 193 членки на Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ