сабота, 27 јули 2024

САД: Експлозија на гасовод во Оклахома, пламенот достигнува висина од 150 метри (ВИДЕО)

На гасовод во американската сојузна држава Оклахома се случи голема експлозија, јавуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата се случила во 21:45 во вторникот по локално време (4:45 во среда по средноевропско) во округот Бивер, објави Еј-би-си њуз на својот сајт.

Според пожарникарската служба пламенот достигнува висина од 150 метри и може да се регистрира од сателит.

Пожарникарските служби се наоѓаат на „безбедна оддалеченост“ додека не биде возможно да се исклучи гасот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ