петок, 13 декември 2024

САД: Додик се срамоти со изјавите за Сребреница, ја става Република Српска под хипотека

Објавено на

часот

Сподели

Додик неделава во неколку одвоени изјави повтори дека во Сребреница немало геноцид над Бошњаците во 1995 година, и го нападна новоизбраниот претседател на Црна Гора Јаков Милатовиќ поради тоа што кажа дека бил извршен геноцид.

За Додик таа изјава беше доволна да го прогласи Милатовиќ за „антисрбин кој му се додворува на Сараево“. Од амбасадата на САД реагираа со посебна изјава во која наведоа дека пресудите на западните судови за „геноцидот во Сребреница“ се засновани на форензички и други докази.

„Елементи на војската на Република Српска, под команда на Ратко Младиќ и политичка директива на Радован Караџиќ, извршиле геноцид, тие се воени злосторници“, се наведува во изјавата во која оценуваат дека негирањето на геноцид на Додик не може да ги смени фактите.

Додик веднаш одговори со порака дека судските пресуди за него не се конечна вистина и дека американската амбасада докажува дека САД не им се пријатели на Србите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ