сабота, 27 јули 2024

САД: Додик е безбедносна закана

Соединетите Американски Држави го сметаат лидерот на босанските Срби Милорад Додик за закана за безбедноста, а спремни се да реагираат на секое загрозување на опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Марфи за телевизијата Н1 ја оцени како неприфатлива „ужасната реторика“ на Додик, а особено неговите закани со отцепување на ентитетот Република Српска од државата Босна и Херцеговина.

Тој потсети на изјавата на Додик дека „не сака да дише ист воздух со Бошњаците“, оценувајќи дека тоа би требало да го загрижи секого, вклучувајќи ја меѓународната заедница.

Разузнавачките проценки на американската влада, кажа Марфи, затоа истакнуваат дека Додик претставува закана за БиХ и нејзината иднина, затоа уште од 2017 година е под санкции со кои му е забрането да патува во САД.

Објасни дека САД нема мирно да го гледаат ризикот од избивање нов конфликт на тлото на БиХ и затоа силно го поддржуваат продолжувањето на воената мисија на ЕУ, но и решителноста на НАТО да не дозволи „безбедносен вакум во земјата“.

„Нашата политика е цврста и јасна и таква е во последните 30 години. Ги поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитетот и мултиетничкиот карактер на БиХ, тоа е наш интерес и ќе го браниме“, кажа американскиот амбасадор за внатрешните прашања на БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ