сабота, 27 јули 2024

САД бараат помош од Јапонија брзо да ги надополнат залихите на проектили

Соединетите Американски Држави побарале помош од Јапонија за брзо да ги дополнат своите залихи на проектили, имајќи ги предвид војните кои беснеат во Украина и на Блискиот Исток, и тоа што Вашингтон сака да го зачува кредибилитетот на својата моќ за одвраќање во областа на Индо-Пацификот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно е дека воено-индустриската база на САД не може да излезе во пресрет на сите стратегиски предизвици и сите обврски кои ги имаме“, кажа американскиот амбасадор во Јапонија Рам Имануел.

Претходно САД и Јапонија имале прв состанок на темата забрзување на воено-индустриската соработка, два месеци откако претседателот на САД Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида потпишаа договор за тоа.

„Тука не е целта да имаме повеќе состаноци. Целта е производството“, кажа Имануел и додаде: „Оние кои сакаат да им наштетат на САД нема да ги чекаат нашите индустриски капацитети самите да се изградат“.

Амбасадорот на САД кажа дека капацитетите на Кина за изградба на воени бродови ќе ги надминат американските капацитети и оцени дека поправките на американските бродови и воени авиони во Јапонија би можело да ги ослободи американските индустриски капацитети за да се посветат на изградба на нови бродови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ