сабота, 19 октомври 2024

САД бараат од Турција и Унгарија да одобрат влез на Шведска во НАТО пред јули

Објавено на

часот

Сподели

„Се брзаме наскоро да ја примиме Шведска како 32 членка. И да бидеме јасни – брзаме тоа да се случи пред самитот во јули“, кажа Остин за време на посетата на шведската поморска база Муске кај Стокхолм.

Американската војска ги јакне поморските и воздушните мисии во Шведска за да ѝ покаже длабока поддршка, кажа американскиот министер по заканите кои на почетокот на април ги изнесе рускиот амбасадор во Стокхолм.

Шведска и Финска заедно ги поднесоа барањата за членство во НАТО минатата година по почетокот на руската инвазија на Украина, откажувајќи се од својот неутрален статус, а засега е примена само Финска, додека приемот на Шведска го блокира пред сè Турција, но и Унгарија.

Шведска и земјите од НАТО се надеваат дека пречките ќе бидат отстранети пред самитот на Алијансата во Вилнус во Литванија на почетокот на јули, но тоа изгледа ќе оди тешко.

Аналитичарите сметаат дека многу ќе зависи од исходот на изборите во Турција на 14 мај, на кои претседателот Реџеп Таип Ердоган се кандидираше за нов мандат.

Турција ја обвинува Шведска дека ги штити курдските „терористи“, како што таа ги нарекува, или за оние кои се непријателски расположени кон Анкара, и бара екстрадиција на десетина луѓе во Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ