Исфрлени се 66 пакети со помош, по 22 од секој од трите авиони кои летаа над Газа.
Во пакетите имало оброци, но не и вода и медицинска опрема.
Американските товарни авиони испуштиле 38.000 оброци во опколениот Појас Газа, како дел од серијата помош од воздух планирана од Вашингтон да се намали хуманитарната криза во територијата зафатена од војна.
Претходно, Јордан и Обединетите Арапски Емирати доставуваа хуманитарна помош со фрлање од авион, а ова е првпат САД да го направат тоа.