сабота, 27 јули 2024

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина: „Ова е трговска војна“

Групата седум западни индустриски најразвиени економии Г7, која следната недела ќе се сретне во Италија, ќе расправа за ризикот од фрагментација на глобалната трговија по високите царини кои Соединетите Американски Држави ѝ ги наметнаа на Кина, најави италијанскиот министер за економија Џанкарло Џирогети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Друга точка на дневниот ред на состанокот на министрите за финансии на Г7, кој ќе се одржи на 24 и 25 мај во италијанскиот град Стреса, ќе биде како да се искористи замрзнатиот имот запленет на Русија по почетокот на конфликтот во Украина, кажа Џирогети.

„Американскиот предлог средствата да се користат за директно финансирање на Украина во војната би имал сериозни правни импликации кои допрва треба да се разјаснат“, кажа италијанскиот министер.

„Во Стреса ќе ја разгледуваме фрагментацијата на глобалната трговија со најновите потези на американската влада која ги покажа своите карти со многу тешките намери кој Кина. Светот каков што го познаваме се ближи кон крајот“, кажа Џирогети, додавајќи дека „во тек е трговска војна која ги одразува геополитичките тензии“ и дека Европа допрва треба да ја одреди својата улога во сценариото кое се развива.

Американскиот претседател Џо Бајден денес претстави силно зголемување на царините на низа кинески производи, вклучувајќи ги електричните возила, батериите за електрични возила, чиповите за компјутери и медицинските производи, во изборната година со цел да ги придобие гласачите кои дадоа лоши оценки на неговите економски мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ