сабота, 27 јули 2024

САД ѝ испорачуваат помош на Газа од авиони

Соединетите Американски Држави почнаа да доставуваат хуманитарна помош во Газа од авиони, пишува Си-ен-ен.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Исфрлени се 66 пакети со помош, по 22 од секој од трите авиони кои летаа над Газа.

Во пакетите имало оброци, но не и вода и медицинска опрема.

Американските товарни авиони испуштиле 38.000 оброци во опколениот Појас Газа, како дел од серијата помош од воздух планирана од Вашингтон да се намали хуманитарната криза во територијата зафатена од војна.

Претходно, Јордан и Обединетите Арапски Емирати доставуваа хуманитарна помош со фрлање од авион, а ова е првпат САД да го направат тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ