Покрај овие 2 награди Saatchi & Saatchi Скопје, освои уште 4 награди во други категории:
- Надобро лансирање на нов бренд – Saatchi & Saatchi Skopje – „Kad će prvi?“ за НЛБ банка Подгорица
- Најдобра интеграција на традиционални и нови медиуми – Saatchi & Saatchi Скопје – „Брзозборки“ за Црногорски Телеком
- Најдобра кампања со ограничен буџет – Saatchi & Saatchi Скопје – „Брзозборки“ за Црногорски Телеком
- Најдобра употреба на видео/мултимедиа – Saatchi & Saatchi Скопје – „Пројект летовање“ за Црногорски Телеком
Креативните проекти за чија реализација, Saatchi & Saatchi Скопје ја доби довербата на своите клиенти e потврда за успешната партнерска соработка и за заедничкиот успех.
„Овие награди се значаен успех за нашата агенција, потврда за креативноста и извонредноста на тимовите, кои успешно работат за клиенти и проекти надвор од границите на нашата земја, посебно во Црна Гора и земјите од Адриатик регионот”, изјави Дејан Спиркоски, креативен директор на Saatchi & Saatchi Скопје.
Тимската работа, талентот, одличноста на агенцискиот производ и успехот на брендовите на клиентите се во фокусот на Publicis Groupe Skopje, и тоа се негува веќе повеќе од 27 години. Со континуиран напредок, иновативност во комуникациите и примената на технологии, оваа агенција е еден од креативните и комуникациски лидери во регионот, работејќи на проекти со широк опсег на комуникациски и маркетиншки специјализации, во речиси сите индустрии.
CIM Forum се одржува по трет пат во Котор и е регионален фестивал на кој се слави креативноста, иновативноста и извонредноста во областа на креативните индустрии, маркетингот, медиумите и комуникациите. На него присуствуваат истакнати имиња од областа на маркетингот, медиумите, уметноста и другите комплементарни креативни индустрии од Црна Гора и регионот.