сабота, 27 јули 2024

Сабаленка проговори за смртта на Колцов

Смртта на поранешниот хокеар и поранешен партнер на тенисерката Арина Сабаленка, Константин Колцов е една од главните теми во спортот во овој период.

Објавено на

часот

Сподели

Два дена по смртта на Колцов, Сабаленка се обрати на јавноста и изненади со изјавата дека тие извесно време не биле во врска.

„Смртта на Константин за мене е незамислива трагедија, а иако не бевме заедно, моето срце е скршено. Ве молам да ја почитувате мојата и приватноста на неговото семејство во овој тежок момент“, изјави Сабаленка која реши во црна облека да настапува на турнирот во Мајами и да не дава изјави за медиумите.

Колцов и беше придружба на Сабаленка на Австралија опен. Се верува дека тие раскинале два дена пред неговото самоубиство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ