Сабаленка на убедлив начин стигна до трофејот во Синсинати, на патот до успехот таа не загуби ниту еден сет.
На денешното финале Сабаленка го доби првиот сет со 6-3, во вториот беше подобра со 7-5 од Пегула.
Пегула откако го освои турнирот во Торонто минатата недела, имаше шанса да стане првата тенисерка по 50 години што ги освоила титулите во Торонто и Синсинати по ред. Тоа го направи Ивон Гулагонг во 1973 година, но не можеше и Пегула.