сабота, 27 јули 2024

Саатчија од Турција фатен при шверц на скапи часовници на Меѓународниот аеродром Скопје

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција откриле 22 часовници од брендот Ника во вкупна вредност од 272 илјади денари кои тој не ги пријавил при влез во државата.

Објавено на

часот

Сподели

Од Царинската управа денеска информираа дека патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, а бил саатчија по професија, на прашањето на царинските службеници дали има нешто за пријавување, одговорил дека нема ништо, по што бил упатен на контрола со скенер.

Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ