сабота, 27 јули 2024

Сѐ уште гори шумата кај беровско Русиново

Во беровското село Русиново сѐ уште е активен пожарот кај месноста Губенек. Во неговото гасење учествуваат екипи на Територијалната противпожарна единица од Берово и Национални шуми.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше Сашко Руменовски, командир на ТППЕ Берово, во пожарот е зафатена мешана шума и сува трева.

„Пожарот е пријавен околу 15:30 часот. На самото место се една екипа од нашата единица и една екипа од Национални шуми. Засега пожарот во кој е зафатена сува трева и мешана шума сѐ уште е активен, но очекуваме дека до крајот на денот ќе биде локализиран“, изјави Руменовски.

Тој апелираше населението да не ги чистат стрништата со палење затоа што тоа претставува голема опасност во период кога има ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ