сабота, 27 јули 2024

Сѐ помалку средношколци во Дебар, се „ронат“ и основците во Струга

Објавено на

часот

Сподели

„За новата 2023/24 учебна година, во прва година предвидената квота за упис е 272 завршени основци, односно осум паралелеки, три со настава на македонски и пет на албански наставен јазик. Во двата уписни рока запишани се 100 ученици. Од нив, 20 за настава на македонски, од предвидените 102 и 80 на албански наставен јазик, од предвидените 170 ученички места, изјави за МИА, професорката Афрона Леши, одговорна за упис.

Во гимназијата „Ата“ во општина Центар Жупа во прва година запишани се само 15 ученици, што е 10,2 отсто од предвидената квота.

„Според Конкурсот на министерството за образование и наука во прва година за учебната 2023/ 2024 година предвидено беше да се запишат 68 ученици во две паралелки, по една со настава на македонски и на турски наставен јазик. Во двата уписни рока запишани се 15 од нив пет за паралелката на македонски и 10 на турски наставен јазик“, изјави Сабри Асан, директор на гимназијата.

Гледано одделено, а споредено со минатата учебна година, во дебарската гимназија бројот на запишаните до денес е помал за 66 , додека во гимазијата во Центар Жупа за пет ученици.

м

Со години на ред предвидената бројка не се пополнува, за што главна причина е масовната миграција, а тука секако и определбата на дел од завршените основци школувањето да го продолжат во некое средно стручно училиште во земјава.

Бројот на првачиња во струшките основни училишта опаѓа. Само ова година запишани се 50-тина помалку од лани, покажуваат податоците на Општина Струга.

Според информацијата од општинската прес-служба заклучно со јуни во 12-те основни и 24-те подрачни училишта за учебната 2023/24 година запишани се 496 првачиња или 52 помалку од лани кога биле запишани 548 првачиња.

„Бројот на првачиња со почетокот на учебната година може да варира“, информира за МИА општинскат прес-служба, посочувајќи дека сите основни и подрачни училишта на територија на општина Струга се подготвени за стартот на учебната година.

Бројот на запишани првачиња континуирано опаѓал и претходните години, па така во 2020/2021 биле запишани 590, додека годината потоа 548 првачиња.

Причините за намалувања на бројката, како што посочија од Општина Струга, се иселувањето, намалениот наталитет и слично.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ