сабота, 19 октомври 2024

Сѐ помалку првачиња во источниот дел на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Во селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци (трите села имаат 1.300 жители) годинава нема ниту едно запишано прваче. Одговорните очекуваат до крајот на август да бидат запишани уште дваесетина дечиња, чии родители се на сезонска работа во други места во текот на летниот период.

И во Општина Виница бројките се поразувачки. Таму од септември ќе има за 13 отсто помалку првачиња во споредба со лани. Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња. Во селото Блатец во прво одделение запишани се само три деца, во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче

Во Прилеп очекувањата биле дека ќе се запишат 800 првачиња, но бројката е 480.

Од Министерството за образование велат дека точните бројки ќе ги имаат на почетокот од септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ