Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предизвика незадоволство во Европа, велејќи дека ако повторно стане претседател на САД, нема да ги брани членките на НАТО што не ги плаќаат своите обврски.
„Треба да престанеме да цимолиме, да лелекаме за Трамп. Тоа е прашање за Американците (дали ќе го изберат на изборите). Јас не сум Американец, не гласам во САД. Мораме да соработуваме со сите што се на подиумот“, изјави Руте на панелот на конференцијата за безбедност во Минхен.
Тој рече дека Европа во секој случај мора да троши повеќе за одбрана и да го зголеми производството на муниција, а не само затоа што Трамп може да се врати.
Руте додаде дека не знае дали се смета за главен кандидат за следен генерален секретар на НАТО во Европа, појаснувајќи дека нема да покрене кампања за да дојде до таа позиција.
„Сè што слушнав изминативе неколку дена е кукање за Трамп. Ајде да престанеме да го правиме тоа. По разговорот со американските политичари во Минхен, умерен оптимист сум дека американската воена помош за Украина, која моментално е суспендирана, ќе биде усвоена во Конгресот“, рече Руте.