сабота, 27 јули 2024

Рустеми, директорот на ЈП за државни патишта не одговара на прашања

Објавено на

часот

Сподели

„Ваквите инситуции забораваат дека транспарентноста е најдобра превенција од корупција, особено кога станува збор за информации на кои јавноста има право на достапност, а тие се должни да ѝ ги соопштат.

Токму со таква бункер инситуција, односно државно претпријатие деновиве беше соочена редакцијата на Журнал.мк сакајќи да обезбеди информации од Јавното претпријатие за државни патишта со кое раководи директорот Ејуп Рустеми.

И покрај ветувањето од одговорните во јавното претпријатиа дека ќе ни одговорат на поставените прашања од интерес на јавноста, сепак на крај, по цела една недела не ги испочитуваа ниту ветувањата, ниту заложбите за транспарентност и соработка со медиумите, ниту своите обврски спрема јавноста.

Повод за нашето обраќање и барање одговри, беше информација која според сознанијата на редакцијата на Журнал, е поврзана со одлука на директорот Ејуp Рустеми. Тој, како што неофицијално дознавме, раскинал договор за консалтинг со компанијата Yuksel Proje A.S., иако имала многу подобра понуда. За да ја провериме оваа информација, но и за да го слушнеме ставот на ЈП за државни патишта, во неколку наврати контактиравме со одговорните служби кои нѐ замолија, да почекаме одговор до понеделникц(17 јули) со оглед на тоа што нивните колеги кои можеле да одговорат на поставените прашања дел од нив биле на терен, а дел на годишен одмор.

Редакцијата на Журнал.мк се согласи да почека одговори на поставените прашања кои и до ден денеска не се одговорени, а кога не добивме повратно во договорениот термин се обидовме телефонски да исконтактираме со директорот Ејуп Рустеми. Откако по неколку обиди и СМС порака, воспоставивме контакт со директорот, кој наместо да ни даде одговор на новинарските прашања само кратко изјави „има истражни органи“ и ни ја спушти слушалката.

Нашето прашање, кое ЈП одбива да го одговори, е зашто е раскинат договорот, наводно со образложение дека компанијата нема доволно искуство, иако тоа не било услов, и компанијата Ѕуксел го добила тендерот на електронската аукција? Ова отвора сомневања кои би сакале да ги објасниме за јавноста, а кои се однесуваат на следново прашање: Дали има обид за уцена со барање провизија во конкретниот случај?

Другите прашања што ги поставивме до ЈП државни патишта се однесуваат за наши сознанија поврзани со компанијата Јупитер, реномирана фирма од соседна Бугарија, најголем производител во Југоисточна Европа на заштитни огради – банкини, доаѓа од земја членка од ЕУ, а која се соочува со сериозни проблеми во земјава.

Еве ги следните прашања на редакцијата Журнал, на кои ЈП за државни патишта под водство на директорот Ејуп Рустеми не даде одговор:

Имате ли сознанија зошто оваа компанија има проблем од институциите да реализира проекти во земјава, конкретно дали имате воспоставено контакт и која била реакцијата на државното претпријатие?

Имаме сознанија дека градежни фирми вршат притисоци да не се купуваат заштитни огради од Јупитер, туку да се купуваат по многу поскапи цени од Србија, чија компанија, наводно според нашите информации, им врши притисок?

Дали преку надзорот или од сообраќајните инженери се врши притисок на фирмите од Македонија за да не се монтираат огради од Бугарија?

Дали правилникот на ЈП за државни патишта, техничко упаство кое е направено со професорот Слободан Огненовиќ, е направено намерно според потребите на Уни промет од Чачак Србија?

Дали сте запознаени зошто Јупитер од Бугарија има забрана за продажба на македонскиот пазар, иако имаат најдобри понуди?

Имаме сознанија и дека се врши влијание од извесни лица во државното претпријатие. Па, во тој контекст ве молам да ми одговорите дали имате увид дека некој од ЈПДП им сугерира и врши притисок на градежните фирми да не купуваат од Јупитер, иако имат подобри цени од конкуренциата?“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ