сабота, 27 јули 2024

Руските власти уапсија висок функционер на Министерството за одбрана

Генерал-полковникот Јуриј Кузњецов, шеф на главниот директорат за персонал на руското Министерство за одбрана, е уапсен под сомнение дека извршил неодредено кривично дело, објавија руските државни медиуми рано утрово, цитирајќи полициски извор.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Изворот рекол дека случајот го води Главната воена истражна управа на Рускиот истражен комитет. Инспекторите, наводно, извршиле претрес во домот и канцеларијата на Кузњецов и веќе побарале од судот да воведе рестриктивни мерки против генералот.

Судските записи покажуваат дека во понеделникот московскиот воен суд одржал рочиште за притвор против некој со полното име на Кузњецов, забележа Телеграм-каналот База, иако не е јасно какви мерки биле избрани.

Првичните медиумски извештаи за апсењето на Кузњецов дојдоа од провладините канали. Според нив, во фокусот на истражителите била минатата работа на генералот за надгледување на Службата за заштита на државните тајни на руската војска.

Јуриј Кузњецов ја извршуваше функцијата шеф на персоналот на Министерството за одбрана од мај 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ