сабота, 27 јули 2024

Руските власти: Одлуката на САД да ѝ дадат касетна муниција на Украина е гест на очај

Објавено на

часот

Сподели

Руските власти оценија дека одлуката на САД да испорачаат касетни бомби во Украина е гест на „признавање на слабост“, додавајќи дека тоа ќе го направи Вашингтон „соучесник“ во убивањето цивили со тоа контроверзно оружје.

„Трансферот на касетна муниција е гест на очај и признавање на слабост во контекст на неуспехот на таканаречената украинска контраофанзива“, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе АФП.

Руската дипломатија го осуди „циничниот обид да се продолжи агонијата на сегашните украински власти, кои не се грижат за цивилните жртви, бидејќи касетните бомби убиваат неселективно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ