сабота, 27 јули 2024
Според портпаролката на рускиот опозиционер

Руските власти ѝ дале ултиматум на мајката на Навални тајно да го закопа во рок од 3 часа

Ако не, тие ќе го закопаат во областа на казнената колонија во која почина, вели портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на покојниот Алексеј Навални денеска рече дека руските власти ѝ рекле на мајка му дека нејзиниот син ќе биде погребен на теренот на казнената колонија каде што умре, освен ако таа не се согласи во рок од три часа да го закопа без јавен погреб.

Навални, најпознатиот и еден од најжестоките политички противници на претседателот Владимир Путин, ненадејно почина пред една недела во казнената колонија на Арктикот каде што издржуваше казна од повеќе од 30 години.

Неговата мајка Људмила (69) со денови бара од властите да ѝ го предадат телото на нејзиниот син за да го погребе на начин што ќе им овозможи на неговите пријатели, членови на семејството и поддржувачите да му оддадат почит.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, на Икс напиша: „Истражител ѝ се јави на мајката на Алексеј пред еден час и ѝ постави ултиматум. Или таа да се согласи на таен погреб без јавно збогување во рок од 3 часа, или Алексеј ќе биде погребeн во колонијата. Таа одби да преговара со Истражниот комитет, бидејќи тие не се овластени да одлучуваат како и каде да биде погребен нејзиниот син. Таа бара почитување на законот, според кој истражителите се обврзани да го предадат телото во рок од два дена од утврдувањето на причината за смртта. Според медицинските документи што таа ги потпишала, овие два дена истекуваат утре. Таа инсистира властите да дозволат погребот и панихидата да се одржат во согласност со нормалната практика.“

Засега руските власти немаат коментар за развојот на настаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ