понеделник, 20 мај 2024

Руските сили отвораат нов фронт, украинската војска не знае што попрво да брани

Украина забрзано испраќа засилувања во својот североисточен регион Харков за да го одбие обидот на Русија да ја пробие локалната одбрана, соопштија украинските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова претставува тактичка промена на Москва која украинските власти тврдат дека ја очекуваат со недели.

Интензивирано е ноќното гранатирање на Вовчанск, град во областа на Харков на помалку од 5 километри од руската граница, кажа регионалниот гувернер Олег Сињегубов.

Интензивното гранатирање ги натерало властите да почнат евакуација на околу 3.000 луѓе. Утринава руската пешадија се обидела да се пробие низ украинската одбрана кај Вовчанск, соопшти министерството за одбрана на Украина и додаде дека распоредило резервни единици за да го одбие нападот.

Руски воени блогери кажаа дека нападот би можел да значи почеток на рускиот план да се направи „тампон зона“ која рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја формира претходно годинава за да ги сопре честите украински напади на пограничниот град Белгород и регионите покрај украинската граница.

Украина претходно соопшти дека е свесна дека Русија трупа илјадници војници должи североисточната граница, во близина на Харковската и Сумската област. Додека силите на Кремљ водат нова копнена офанзива на истокот на Украина, украинските разузнавачки сили кажаа дека очекуваат руските сили да нападнат и на североистокот.

Иако Русија веројатно не може да го заземе Харков, вториот град по големина во Украина, може да го примора Киев да испрати повеќе војници во тој регион, оставајќи ги другите области ослабени.

Исто така, присилувањето на украинските власти да евакуираат цивили веројатно ќе предизвика нарушување и ќе ги пренасочи ресурсите.

„Цел град е под интензивно гранатирање, не е безбедно да се остане тука“, порача градоначалникот на Вовчанск Тамаз Хамбаришвили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ