сабота, 27 јули 2024

Руските сили напредуваат на истокот на Украина

Руските сили напредуваат на точки долж линијата на фронтот во Украина, заземајќи село во Доњецката област, заземајќи подобри позиции во областа на Харков и одбивајќи бројни украински напади, соопшти руското министерство за одбрана, а пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија контролира околу петтина од Украина, на исток и југ, а сè повеќе добива на сила по неуспехот на контраофанзивата на Киев во 2023 година да направи каков било посериозен пробив против руските сили.

Претседателот на Русија Владимир Путин во февруари им нареди на руските сили да „туркаат понатаму“ по падот на градот Авдеевка, каде украинските трупи, како што кажа, беа присилени да бегаат во хаосот.

Руското министерство за одбрана соопшти дека нивните трупи го зазеле селото Семеновка, северозападно од Авдеевка. Русија соопшти дека ги поразила украинските сили и странските платеници во низа други села во таа област.

Русија извести и за пораз на украинските трупи во областа Синковка кај Харков и низа други точки на линијата на фронтот. Соопштено е дека е уништен украински погон за дронови.

Генералштабот на Украина соопшти, пак, дека нивните трупи ги одбиле непријателските напади кај Семеновка и извести дека нивните војници одбиле низа други напади.

Ројтерс не бил во можност веднаш да ги провери тврдењата на двете страни поради ситуацијата на бојното поле. Двете страни во конфликтот имаат ограничувања за новинарите кои го следат конфликтот.

Руското министерство за одбрана во неделата соопшти дека војската го зазела Новобахмутовка, уште едно село во близина на Очертине, кое во последните денови стана жариште на борбите.

„Руските сили веројатно ќе продолжат да остваруваат тактички успеси во насока на Авдеевка во следните недели“, соопшти институтот за проучување на војната, истражувачка организација која работи за постигнување на стратегиските цели на САД.

„Следната линија на одбранливи населби во таа област е на извесна оддалеченост од украинската одбранбена линија која руските сили ја напаѓаат од заземањето на Авдеевка во февруари 2024 година“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ