петок, 26 јули 2024

Рускиот Врховен суд ја одби жалбата на Надеждин за неговата кандидатура за претседателските избори

Врховниот суд на Русија вчера ја одби жалбата на Борис Надеждин против одлуката на Централната изборна комисија да не ја прифати неговата кандидатура за претседателските избори, објави Тасс.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката не е конечна, бидејќи Надеждин има право на жалба до Апелациониот суд.

Разгледувањето на тужбата траеше девет часа, при што судот ги сослуша аргументите на странките, сослуша повеќе од 10 сведоци и го разгледа писмениот материјал од предметот. Надеждин не се појави на рочиштето, известувајќи на каналот Телеграм дека тој и неговото семејство заминале на одмор во странство.

Неговите претставници побараа судот да ја поништи одлуката на ЦИК поради грешки.

„Постапката на Централната изборна комисија не можеме да ја наречеме ништо друго освен силеџиство“, изјави претставникот на Надеждин.

Централната изборна комисија на 8 февруари соопшти дека одбила да ја потврди кандидатурата на Надеждин поради високиот процент неисправни потписи. Надеждин доставил речиси 105.000 потписи, а при проверката било утврдено дека нешто повеќе од 15 проценти се неисправни.

Законот предвидува уделот на неважечки потписи да не надминува пет проценти.

Централната изборна комисија ги прифати кандидатурите на Владимир Путин, Леонид Слуцки, Владислав Даванков и Николај Харитонов.

Не се прифатени кандидатурите на Надеждин, Сергеј Малинкович, Анатолиј Баташев и Рада Руска.

Претседателските избори ќе се одржат од 15 до 17 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ