четврток, 26 декември 2024

Рускиот вицепремиер: Русија оваа година извезе 20 отсто повеќе гас во Европа отколку во 2023

Вкупниот извоз на руски гас во европските земји оваа година бил за 18 до 20 отсто поголем од минатата година, изјави денес потпретседателот на руската влада Александар Новак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај сите изјави и притисоци од санкциите, за 11 месеци се испорачани околу 50 милијарди кубни метри гас. Гасот е високо еколошки производ, и тој е баран. А рускиот гас е најисплатлив – и логистички и ценовно“, кажа Новак.

Берзанските цени на гасот во Европа растат во последните денови како што се приближува крајот на испораките на рускиот гас во регионот преку Украина.

Во понеделникот цената достигна 500.000 долари за илјада кубни метри.

Русија е спремна да продолжи со испораки на гас во Европа преку повеќе рути, не само со транзит преку Украина, додаде Новак.

„Денес тоа прашање не е решено, иако Европејците и европските земји се заинтересирани за тоа. Но тоа, пред сè, зависи од договорот меѓу Европската Унија и Киев. Ние секогаш кажуваме дека сме спремни да продолжиме со испораките“, истакна рускиот функционер.

Договорот склучен во 2019 година за транзит на рускиот гас во Европа преку украинска територија истекува на 31 декември.

Поранешната министерка за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсл оцени дека „Европа нема да остане без гас со прекинот на транзитот на рускиот газ преку Украина од почетокот на 2025 година, но дека значително ќе поскапи за потрошувачите“.

Газпром вчера оцени дека потрошувачката на гас во Европа ќе продолжи да опаѓа и во 2025 година, а стапката на падот ќе зависи од идните политички одлуки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ