сабота, 25 мај 2024

Руски суд ја одби жалбата на американски новинар кој е во руски затвор поради шпионажа

Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на Волстрит џурнал Еван Гершкович против неговиот истражен притвор под обвинение за шпионажа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.

Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да ѝ ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.

Датумот на судењето сè уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.

Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклен кафез во судницата и им се смешка на колегите од медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена на руски затвореник кој е затворен во странство, но таков договор сè уште не е постигнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ