сабота, 27 јули 2024

Рускиот министер за одбрана се сретна со генералите: „Ги потиснуваме Украинците, создаваме две нови армии“

Русија објави дека нејзините војници ги потиснуваат украинските сили и дека ќе се засилат со две нови армии и 30 формации до крајот на оваа година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија претходно повлече дел од своите сили на истокот и југот поради тоа што беше премногу развлечена на голема територија, но од тогаш напредува против украинската војска која минатата година имаше целосно неуспешна офанзива. Русија контролира нешто помалку од петтина од украинската територија, и напредува откако минатиот месец го освои источниот град Авдеевка.

„Групите руски војници и понатаму го потиснуваат непријателот од неговите позиции“, кажа министерот за одбрана Сергеј Шојгу пред генералите. „Соединетите Американски Држави и нивните сателити се исклучително загрижени околу успехот на руските оружени сили“.

Најави дека Русија ќе формира две нови армии и 30 нови формации, вклучувајќи 14 дивизии и 16 бригади/

Западните разузнавачки лидери сметаат дека војната е на пресвртница. На Киев му е потребно вооружување од Западот за да избегне нови порази на боиштето. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во вторникот кажа дека опстанокот на Украина е во опасност.

Киев размислува за нов закон за мобилизација бидејќи на украинските сили им недостигаат војници спремни за борба, а помошта од САД е заглавена во меѓупартиските спорови.

Украина пред и за време на руските претседателски избори ги засили нападите на руските погранични региони, напаѓајќи главно рафинерии. Шојгу кажа дека Русија ја засилила безбедноста на владините згради и дека е зајакната противвоздушната одбрана.

Шојгу тврди дека руските сили собориле 419 украински дронови и 67 ракети за време на изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ