петок, 26 јули 2024

Рускиот министер за одбрана нарача уште оружје: „Испораката мора да биде побрза“

„Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди поголема и побрза испорака на оружје за воената операција на Москва во Украина“, соопшти руското министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија, која конфликтот во Украина го нарекува „специјална воена операција“, сега контролира околу петтина од украинската територија, а голем дел е заземен во првите месеци на војната која почна во февруари 2022 година.

На состанок со врховната воена команда за војната во Украина, началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, задолжен за операцијата, му поднел извештај на Шојгу, објави министерството на Телеграм.

„За одржување на потребното темпо на офанзивата треба да се зголеми обемот и квалитетот на оружјето и воената опрема кои им се испорачуваат на единиците, пред сè на оружјето“, кажал Шојгу.

Во последните недели руските сили секојдневно тактички напредуваат долж линијата на фронтот на југоистокот на Украина. Киев го обвинува недостигот од оружје од Западот за рускиот напредок. Русија зазема десетина села во регионот на Доњецк и ги зацврсти позициите на бојното поле во регионот на Харков.

„Украина ризикува да изгуби уште позиции ако Западот брзо не испорача оружје“, кажа врховниот командант на украинската војска генералот Олександр Сирски.

Сирски најави повлекување на своите трупи од селата во близина на Авдеевка, упориште на истокот на Украина кое руските сили го заземаа оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ