сабота, 27 јули 2024

Рускиот хеликоптер паднал во езерото Онега, загинале сите три члена на екипажот

Руската служба за итни случаи соопшти дека еден од нивните хеликоптери се урнал во езерото Онега, во северозападниот регион Карелија, при што загинале сите тројца членови на екипажот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Комуникацијата со хеликоптерот Ми-8, кој бил на обука, била изгубена на 4 февруари, соопшти службата.

Остатоците се лоцирани на околу 11 километри од брегот на езерото, второ по големина во Европа, на длабочина од 50 метри, се наведува во денешното соопштение на Министерството за вонредни ситуации.

Причината за несреќата не е позната, соопштија властите, додавајќи дека е отворена истрага.

Истражниот комитет на Русија отвори кривична постапка по членот за прекршување на правилата за безбедност во сообраќајот и функционирање на воздушниот сообраќај. Првичните верзии за причината за хеликоптерската несреќа се грешка на екипажот, временските услови и дефект на опремата.

Регионот Карелија е поделен на два дела: финскиот регион Карелија и руската Република Карелија во северозападниот дел на Русија, меѓу Бело и Балтичко Море, каде што се урнал хеликоптерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ