петок, 18 октомври 2024

Рускиот буџет во дефицит од 43,8 милијарди долари

Објавено на

часот

Сподели

Во истиот период минатата година Русија имаше суфицит од 14,3 милијарди долари, но трошоците за инвазијата во Украина и западните санкции за гасот и нафтата силно ја погодија државната каса.

Зголеменото производство на оружје и огромните владини трошоци ја одржуваат руската економија во живот, амортизирајќи го ударот од западните санкции и овозможувајќи ѝ на Москва да ги продолжи своите напади во Украина.

За само четири месеци од годинава дефицитот во април е за 17 отсто поголем од владините проекции. Во однос на 2022 година, расходите се зголемени за 26,3 отсто, а приходите се намалени за 22,4 отсто.

Министерот за финансии Антон Силуанов неколку пати изјави дека буџетскиот дефицит годинава нема да надмине два отсто од БДП, иако повеќето аналитичари не се согласуваат со тоа.

Силуанов неодамна изјави дека приходите од продажбата на нафта и гас, кои на годишно ниво паднале за 52,3 отсто, се клучни за постигнување на таа цел. Поради падот на приходите и намалувањето на дефицитот, Москва беше принудена да ги продаде девизните резерви. Централната банка, која од септември минатата година ги држи каматните стапки на 7,5 отсто, постојано предупредуваше дека буџетскиот дефицит претставува ризик за инфлацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ