Гризлов потсети дека на состанокот на 13 март во Москва рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко разменија ратификациски документи поврзани со Договорот за безбедносни гаранции.
„Со овој историски документ овој договор стапи на сила. Во комбинација со претходно потпишаните билатерални договори, тој ни дава целосно право на одговор на надворешни закани со сразмерна употреба на сите расположливи средства. Да сум на местото на полските власти, не би ризикувал тестирање на нашите одбранбени способности во пракса“, порача Гризлов.
Амбасадорот истакна дека ни Русија ни Белорусија не преземаат ниту планираат да преземат какви било активности кон Полска кои би можеле да се протолкуваат како воена закана.
„Истовремено, повеќе пати јавно кажавме дека првиот чекор на полските оружени сили кон границата на Руската Федерација би им бил последен. За тоа ги имаме сите потребни можности“, предупреди Гризлов.
Полските потези уште еднаш ги нарече пример за лицемерие и двојни стандарди на западните соседи на Русија и Белорусија.
„Не им е прв пат да ги игнорираат меѓународните договори кои самите ги потпишале. Руското министерство за надворешни работи повеќе пати даде јасни и исцрпни договори за тоа“, додаде тој.
Гризлов заклучи дека Русија не гледа никакви реални причини за полските планови за поставување противпешадиски мини на границите со Русија и Белорусија.
„Прашањето како тоа ќе ѝ помогне на Полска да ја зголеми својата безбедност е повеќе реторичко отколку практично. На теренот нема никакви предуслови кои би ја оправдале таквата одлука на полските власти. Ситуацијата на границата не се менува за време на целото траење на специјалната воена операција, бидејќи од наша страна не постои никаква закана – освен тоа што полските и балтичките власти сè повеќе ги фаќа параноја“, оцени гризлов.