недела, 19 мај 2024

Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци, во тек е потрага

Полицијата трага по руски војник осомничен за убиство на шест свои соборци во источна Украина, пишува Њузвик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во исто време, почна судењето на руски офицер за убиство на седум војници под негова команда, откако минатата година фрли граната во просторијата во која тие престојуваа.

Руската армија се пополнува со осуденици, на кои им е понудена слобода доколку отслужат шест месеци војска.

Еден осуденик, 57-годишен помлад наредник, избегал откако на 4 мај застрелал шест свои соборци во сепаратистичката Народна Република Доњецк (ДПР).

Осомничениот поседува автоматска пушка АК-12 со придушувач и муниција, а полицијата ги пребарува руските погранични региони Ростов, Белгород и Воронеж за да го пронајде.

Деновиве почна судењето на поранешниот вршител на должноста командант на вод, наредникот Дмитриј Лобовиков, кој беше обвинет за убиство на седуммина негови подредени војници и ранување на најмалку 10 други за време на новогодишните прослави на 13 и 14 јануари минатата година.

Тој наводно бил незадоволен од тоа што го видел кога отишол да ја провери состојбата на војниците во касарната. Откако опцул еден од војниците, Лобовиков влегол во ходникот, од каде што фрлил граната во соседната просторија каде што спиеле војниците, детонирал плински боци и уништил дел од касарната, при што загинале седум војници.

Лобовиков е приведен и обвинет за убиство, обид за убиство, намерно нанесување телесни повреди, намерно уништување и оштетување имот, како и за недозволено поседување експлозивна направа. Извештајот не ја прецизираше локацијата на инцидентот, но неговиот случај беше сослушан од поротата во Воениот суд на Западниот округ, кој ги покрива европските региони на Русија што граничат со Украина.

Неговиот адвокат ја наведе неговата примерна служба на народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР). Тој рече дека неговиот клиент не негира што се случило, но дека несреќата била случајна и дека бил непресметлив поради седативите што ги земал со алкохол.

Тој рече дека неговиот клиент ја нашол гранатата во ходникот и дека по пресметка со војник ја загубил свеста, а гранатата се отркалала во собата и експлодирала, при што и самиот Лобовиков се повредил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ