сабота, 27 јули 2024

Руски војници пристигнаа во Буркина Фасо по протерувањето на Французите

Контингент од руски воен персонал долета во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу, што е прво големо распоредување на руски војници во оваа западноафриканска земја, соопштија два безбедносни извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Каналот на Африканскиот корпус, кој тврди дека е поврзан со руското Министерство за одбрана, на платформата Телеграм објави дека група од 100 војници долетала во Буркина Фасо за „да ја осигурат безбедноста на лидерот на земјата Ибрахим Траоре и народот Буркинабе“.

Како што се наведува во соопштението, во блиска иднина ќе бидат распоредени уште 200 руски војници, пренесува Ројтес.

Африканската иницијатива, новинска агенција поврзана со Кремљ, објави слики на кои се гледаат мажи во воени униформи како истоваруваат опрема од авион со руско знаме и заматен број на опашката.

Африканската иницијатива додаде дека 100 руски војници пристигнале во Уагадугу да обучуваат војници од нацијата Буркинабе и да помогнат во патролирањето низ опасни области.

Односите на Буркина Фасо, предводена од воената хунта, со Москва се сменија откако земјата ги протера француските трупи од својата територија на почетокот на 2023 година.

Овој потег поттикна шпекулации дека Уагадугу ќе ги продлабочи безбедносните врски со Русија, како соседно Мали каде што е присутна руската група Вагнер, пишува Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека официјалните лица на Чад и Нигер го посетија главниот град на Русија одделно на почетокот на овој месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ