петок, 18 октомври 2024

Руски воени бродови повторно во саудиските пристаништа по 10 години

Објавено на

часот

Сподели

Воените бродови на руската морнарица за последен пат впловиле во пристаништата на Кралството Саудиска Арабија пред десетина години.

„Групата бродови на Северната флота, во која се фрегатата „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“ и средниот морски танкер „Кама“, вплови во пристаништето Џеда во Саудиска Арабија“, се наведува во соопштението.

Се додава дека за време на престојот во пристаништето бродовите ќе ги обноват залихите на гориво, свежа вода и храна. Се додава дека групата бродови од Северната флота тргнала од Североморск во јануари оваа година.

Во меѓувреме учествувале на две меѓународни поморски вежби во Индиски Океан и Арапско Море и поминале 21 илјада наутички милји.

Бродовите двапати го минале екваторот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ